и (сврз.) - тежок (прид.)

Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Долу, во приземните простории, двајцата копачи, и Коле машинистот, ја спиеја кај мене во Маказар последната ноќ, спиеја во длабок сон, толку длабок и тежок, што не им даваше да сонуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па затоа и Крсте и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско месо и кисело млеко што им идеше од градот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никогаш во својот долг и тежок живот вака не се измачувал.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тремот бавен и тежок шум на шајакни влечки. Не е циганката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе ѝ пристапиме од три страни: (1) како на супкултурна практика – суптилна, сложена и тешка за теориски опфат – која почнала да се испитува во еден малечок, но значаен корпус на дела од областа на квир- студиите; (2) како на тема во машкото геј- писмо; (3) како на студиски проект, бидејќи и самиот предмет ќе претставува експеримент за самиот процес на иницијација што се стреми да го осознае.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе ти кажам дека мене не ми е битно: Како се викаш, што работиш, како заработуваш за живот, дали некаде членуваш, како се облекуваш, каква музика слушаш, колку години имаш, во која фирма работиш, како ги трошиш парите, кој јазик го зборуваш,колку си висока и тешка...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо наизуст шепотеше непристојни пцости и погрдни зборови, викајќи по него, немоќен да го сопре, но, во исто време, мораше да го следи, да трча по бикот Чико, со сиот свој напор, независно од заморот, студот и тешките чизми, што му создаваа дополнителни тешкотии, разранувајќи му ги нежните пластови кожа на нозете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Веќе ни беше навика токму во тоа одредено време кога беше и најголемата горештина да ја слушаме големата кутија која зборуваше за големите и тешки, но победоносни битки што се водеа на Грамос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зеде чисти панталони и кошула за преслекување и прибор за бричење од транспортната вреќа и тргна во топлата и тешка темнина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како да се буди од смрт го чешаше целото тело, кога ќе излезеше од некоја состојба во која подолго време се наоѓал себеси: неподвижен мир од долго и тешко заборавање без осет за некакво течење, ток или поврзаност на нештата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во сите тие случаи ние бараме само некој начин да ги збиеме нашите набљудувања во некоја помала група лесно сварливи правила, или модели, што ќе ни послужат како водич во она што треба да го очекуваме и она што треба да го правиме во сѐ посложениот и тежок за разбирање свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Темна и тешка маглена копрена се спушти како непробоен ѕид меѓу сегашноста и иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Преку тенките кожени прегради очите ја сеќаваат розикавата и тешка светлина на ламбата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И го зафати страв за нешто. Ги чувствуваше очите влажни и тешки од оган.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мигум почувствува дека паѓа некаде ниско здиплен и тежок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жестоко и тешко чувство се надигнува и му ја труе душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Воздухот беше полн со портокалова магла и тешко дишење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Отвори го ковчегот и запиши сѐ што е во него, ми рекоа а јас стоев и ги слушав како буричкаат по секакви отпадоци зад мене и се закашлуваат од прав и тешки мириси што се закачуваа со лепливи шепи за нивните ноздри и бараа пат кон грлото, кон дробовите, кон многубројното дно на ковчегот од човечко месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги стресов оковите на студот од себе подивен и тежок, и навистина, со олово во себе, успеав да потрчнам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ситен е. И тежок како човечка судбина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Воздухот беше полн со портокалова магла и тешко дишење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За миг, чиј живот е долговечен колку и една искра, колку и светлоста на ѕвездата со бела опашка, минаа пред неговиот вид призраците на една иднина независна од него: Јана со набрекнати дојки и детска количка пред себе, и тој, Иван сиот покриен со мирис на пелени и загорено млеко, и дождалците зад широкиот грб на богот Мирон, и брат му со нова и тешка кожена торба под мишка, и тие, бројките од Нојовиот ковчег, весели и насмеани победници над една рапава смеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го замислувам како лежи горе во гробот, како некој жив во пот го замислувам, легнат со нешто гломазно и тешко на градите. Балвани, надуени и тешки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И така размислувајќи дали Анѓа не ќе приписка кога ќе го види та да го издаде, се прогледа на дното на улицата еден голем конак со високи калиња околу него и тешки порти затворени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ноќта беше само дебел и тежок кожурец на осветлениот салон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти не ја испушти приликата мајчински ги измолза боските солени, а млечни се наведна похотливо длабочините да ми ги одмериш според ехото па кога се увери - има кај да претечеш се прели без остаток во мене преполна и тешка водена, се изедначувам со тебе!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бил дебел и тежок. Мешина.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Мајка нѐ викна дома, зад нас ја залости портата со долгиот и тежок дабов лост.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Самотијата е мачна и тешка, осамените луѓе се несреќни луѓе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Дали се обидуваа да ги пронајдат темните и тешки облаци што подоцна со денови се истураа врз градот?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Камионот потпукнува и присмрдува на чад и бензин. Некоја остра и тешка смрдеа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа ноќ баба беше многу возбудена — час тажна час среќна, како да чекаше некој голем и тежок празник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Хармонија е предмет што треба да го положам во септември ако сакам да фатам услов за трета година, а колку е досаден и тежок, поим немаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немам – признав – а и не ми е јасно што е тоа услов за трета, ама право да ти кажам и не ме интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)