На плоштадот на револуцијата во Москва гладта доаѓа катаден кога е ручек време доаѓа како на волшебно килимче на лепче намачкано со маст и црвен пипер доаѓа и се клешти како гласник на светските промени се клешти и како седмоглав аждер го задева Свети Ѓорѓија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Другиот ден, пред самиот ручек, ќе го симне грнецот од оган, ќе го извади поклопот, ќе му тури потпршка, троа брашенце и црвена пипер, и - ете ти јадење од кое немаа најаска силниците кои доаѓаа, божем по работа, уште одвечер во Потковицата и заповеда да им се зготви утре за ручек чомлек.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прашаа дали има место да се преспие. Крчмарот, дебел и ќелав, и црвен дури до теме, откажа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој е полн и црвен во лицето, страда од притисок но не може да се откаже од чашето, - се подистави малку со главата наназад, зашто е далноглед и не му помагаат многу ни очилата, а и книгата ја истава со левата рака и ја гледа некако искосо.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
По градините веќе се береа жолтите круши кантарки и црвените јаболка.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Таму крај езеро, под сенките на широките бели омбрели, пиеја и коњаци и црвени и бели вина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со целата своја појава тој наликуваше на мало дете што израснало крупно, па иако го носеше задолжителниот комбинезон, беше речиси неможно да не се мисли на него како да е облечен во синиот шорц, сивата кошула и црвената шамија на Шпионите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На крајот се покажа и црвениот пожарникарски автомобил. Тој запре токму пред Митковата куќа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Додека таа одеше по патот со стомни, шарена како китка, убава преубава, во бела кошула и црвен елек, со долги коси во плетенки, меѓу косата и лицето имаше цвет.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Можеби затоа што има нешто во мене што соодветсвува, зашто е тоа ем строга фигура, ем нескротена сосем, упатена со десниот врв кон нешто далечно напред, кон она што е таму на крајот, зад ридјата и зад планините, зад капците и доловите, во правецот во кој беше тргнало да ита и она дете со торбето на грбот, со русото перче и црвените обравчиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Настрвен и црвен, долго ме бркаше дури и во соништата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Умирајќи без потпир под нозете, ни исплашен ни зачуден од настаните, без причина сонил гроздобер и црвени коњски поила.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Чичкото ги зема китките. Во неговите очи како да расцветуваат илјада бели и црвени трендафили.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
А тој имаше многу - три маслинки и една детска играчка, па ќе прскаа од нив, заедно со неговата крв, млечни трески кора и црвени парчиња памук, сите заедно за да умрат.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие останаа суви како барут, ама запалени од лутина и бес, ѓоа крмаз и црвен пипер ги поросиле.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Шо е ова???!!!“ викаше газда Таки држејќи писмо со ракопис на Петар во раката отровно лут и црвен во лицето.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Еден дел од широкиот двор беше покриен со лозници и насекаде имаше цвеќиња: во предниот дел од дворот во март месец по земјата се ширеа бели и розови зумбули, во април потокалови и црвени лалиња, а над нив се извиваа тенките но густи како букети - бели и лилави јорговани кои расцутуваа во мај, додека преку целото лето низ дворот се ширеа бели маргаритки.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Си помислив, зар е можно цело лето да е полна и црвена, или всушност, токму кога е таква ме привлекува да ја побарам со поглед?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во градината собирам само црвени пиперки и патлиџани, црвени јаготки и црвени јаболка. ,Ирфане Пољубулгаре", ми велат. ,Ирфане, Ирфане", велам, не чекам улавиот прв да ми се тргне од патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ситен, разнобоен шеќер, пченица, исшарана, вапцана од синиот и црвениот шеќер.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бездруго треварите Никола Влашки и Пандил Димулев му ја натопиле сета облека од безбојни крпи со густ шарлаган од сончоглед, од кикирики и од афионово семе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А коските? Тие не му се предаваат на огнот и живеат илјада години подолго од месото и од жилите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знаев дека пликовите на неговата изгорена кожа се како наголемени рибји очи и верував, тогаш, дека под нив месото е црно и црвено, недојагленосано но не и со толку крв како пред тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Душата е жолта и црвена, мислеле загледани во играта на пламенот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од една кошница таа вадеше парчиња леб намачкани со маст, нане и црвен пипер и им ги подаваше на децата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ја замолила сестрата Стојна Гроздева да ѝ ги купи тие ленти во градот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова ѝ го реков на Пеперутката кога ѝ се роди онаа необична замисла за порачка на повеќе свилени платнени ленти во сите бои: и бела , и црвена, и розова, дури и виолетова.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сѐ уште одеше во војничка униформа, со титовка и црвена петокрака. Го викаа стариот партизан.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Сакам јајце зелено, и црвено... - Пак и зелено, и црвено, и сино? Нема! Друго, друго!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Црешите беа сосем зрели и црвени висеа на дрвјата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Сакам панделка – вели Лидија. – И црвена, и бела, и жолта, и зелена, и сина, и...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Сакам гума. И црвена, и жолта, и бела, и зелена.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Носеше црвени тренерки и црвени патики. На левата рака имаше огромен спортски рачен часовник. Му се насмевна со големите бели заби.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Еве ви нешто да си каснете, - рече бабата, сета насмеана и црвена во образите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѕидните слики кои се појавија беа совршени, источњачки, кревки и потполни, а потоа се претвораа во вистински источни градини со пагоди, храмови, богати со кинески, златни и црвени олтари и со музика од Бали.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Цели белосветски движења се кревале За преименување на пример на Црвеното море А одговорот секогаш бил полека спокојно Наскоро секако ќе има и црвен океан
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во неговите очи како да расцветуваат илјада бели и црвени трендафили.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Кога дојдоа Французите, видовме дека се јадат и црвени патлиџани. Скапани.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Немој, бре Вендија, не расипувај ја свадбата, ќе му се доближи трет да го смирува, да се разбере, а Дуко Вендија и него го светнува преку муцка и црвени мазници му потекуваат од носот, од устата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)