и (сврз.) - горе (прил.)

- Уште малу и горе сме. - Најтешкото доаѓа на крајот! - рече Бојан, бришејќи си го испотеното чело со ракавот од кошулата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека собирам пелени, долу и горе по собите, и правам измивања и преврски на нови пеленки, го слушам муабетов.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прекрасно, горе и горе, светло, блесок, бомба од брилијантни бои, црвена, жолта, сина, зелена, бела, златна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)