и (сврз.) - досега (прил.)

Тие се свесни дека промената на господарот значи само дека ќе ја вршат истата работа како и досега и за новите господари, кои ќе се однесуваат кон нив на истиот начин како и старите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тоа е тешко, велам. И минатиот пат инсистиравте на тој ваш редослед па видовте колкави беа недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И после, како и досега, пак ќе ја фрлиме вината на големите сили, кои секојпат излегуваат криви за нашите грешки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ах, не знам. Најдобро е да бидат по оној друг редослед, како во моментот на случувањето. А во тоа ќе ви помагаат како и досега моите потпрашања", настојува тој.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сестра ми, која е сериозно ментално болна, ми избега и досега ја барав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Анѓеле, ич да не се плашиш! Ако те вратат пак ќе меткаме, ќе пустиме како и досега со мака и ќе живееме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)