и (сврз.) - надалеку (прил.)

Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пред очите на Велета еве стоеше скршен од некаква неискажана мака силниот и надалеку прочуен мајстор Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И секогаш да ја носиш таа прекрасна насмевка на лицето, на која, сигурен сум, и птиците ѝ се насладуваат и надалеку низ песна ја раскажуваат, и ветрот со радост ја пресликува насекаде, во секој облак и поток, во секој морски бран, на површината од секој океан, облагородувајќи го ликот на земјата со тебе...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)