и (сврз.) - најпрво (прил.)

И кога дојдов до сознание дека зборот стои повисоко од честа и откако погледнаа во моите свитоци рекоа дека тоа не се божји зборови и божја мисла, та на Собирот во Константинопол, 553, ме осудија и фрлија анатема и врз мене и врз моите свитоци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да можам би излетал во дворот и најпрво кметот би го задавил.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И најпрво кога ги фрлија свитоците на клада - по нив се фрлив и јас за да ги спасам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)