Тие, пак тие ветрови, нѐ развеваат и одвеваат за развеани некако да разбереме дека не сме народ од пердуви иако песните ни се меки и топли и најчесто ни служат како лековита напивка од шумолот од роднокрајните извори.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
И најчесто се караше и се расправаше со оние околу него – како што се раскара со Петар, се раскара и со Варнава оној пат кога се вратија во Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Можеше меѓу гостите да има и славни лингвисти, особено албанолози, но се случуваше да има од гости и од „своите”, од соседните земји во кои живееја Албанците или од подалечната дијаспора, и најчесто имаа посебен третман.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Скопската шмизла е снобист и најчесто дома јаде ајвар, но затоа кога е излезена во град и во јавност таа не пуши ништо испод Марлборо бело и Карелиа слим со цел да биде подобро забележана од околината.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Беќарите имаат ново друштво и најчесто нивните млади девојки не кореспондираат баш најдобро со критериумите на средовечните сопруги.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)