и (сврз.) - некогаш (прил.)

ТАША Зар не требаше да изнесам на виделина барем понекое делче од настаните за кои верував дека се случувале некаде и некогаш во мојот живот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ме запираше да го сторам тоа? Дали сознанието дека многу од тие случувања само ме допреле и одминале а за нив ќе дознаев откако ќе беа прогласени за недоразјаснети тајни? Или не ќе да беше така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Над мене, како и некогаш, вишее расчаталениот орев.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сега би напишал и стотици, илјадници зборови, за малкуте зборови што требаше да ѝ ги напишам, од моите чести и некогаш мошне долги престои далеку од неа, во моите долги дипломатски години, како одговор на нејзините писма со нејзината душа, напишани со чудесен краснопис, учен уште во нејзиното детство кај француските лазаристи во Солун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Симулантите (дојдени по боледување) беа најнестрпливи и некогаш доседуваа, а некогаш не.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)