и (сврз.) - однадвор (прил.)

Таа ми дејствуваше помпезно, зашто целата, и однадвор и одвнатре, секој нејзин дел е обложен со мермер, со македонскот мермер, така што овој објект ми стана уште поблизок.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако продолжи времево да биде вака топло, некаде сред недела ќе треба да се извадат пампурите од одаите и да се варосаат куќите, и однатре и однадвор. ..
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Долж брегот во низа што не се прекинуваше, раката со дрвеното перо, трескавично наднесена и оросена од пот чкрташе, исцртуваше, се извиваше околу и нагоре, попреку, навнатре и однадвор, правеше јазли, шепотеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стивна пукањето и однадвор слушаме глас: - Предај се, војводо, оти жив ќе изгориш, вели, предај се и ќе ти прости царот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И однадвор и однатре ми свети: ми ја грее душата, ми поминува ко со рака по лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)