Гостилничарот нѐ одмеруваше, час Живка час нас, да разбере со кого си има работа, но молчеше и го одлагаше тоа додека детето од кујната не му шепнеше што кола запрела пред нивната воденица; зашто иако навудум неугледен, не беше толку недугав во главата за да мисли дека и денес облеката го чини човека - денес колата го чини човека.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Акцијата, иако навидум лесно изводлива, не ги даде очекуваните резултати.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Здравјето на Томо иако навидум не се забележуваше, беше нарушено.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Иако навидум сѐ беше в ред, сепак, Рада размислуваше и за својата професионална иднина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада до збор, иако навидум не беше така, го следеше овој разговор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)