Неговите иследници не беа повеќе оние разбојници во црни униформи, туку партиски интелектуалци, мали тркалезни луѓе со вешти движења и со блескави очила, кои работеа на него во смени што траеја - не беше сигурен, но претпоставуваше - по десет или дванаесет часови без прекин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Жабе и натаму џвакаше јатки од млади ореви, гласовито зборуваше дека во светот се вади жива вода на сто метри длабочина, понекогаш и жешка, рацете, вели, да си ги изгориш, а Паско Бачо, како човек кој не чувствува потреба да бара прецизна причина за да каже нешто кое не мора да е во вистинскиот контекст, па уште и со некое спокојство, се сврти кон мене: „И така, Симон“, вели, “во 1956 година, дури се копаше вака каналот за наводнување Камадаречко, беше среда, 21 септември, дванаесет и десет или дванаесет и петнаесет часот, не ме фаќај за зборот...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)