или (сврз.) - две (бр.)

Можеби би можеле да го опишете и начинот на кој разни личности ќе му пристапат на лешот кога ќе биде пронајден, или местото на злосторството, или двете.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понекогаш тие беа ослободувани и оставани на слобода дури и до една или две години, пред да бидат егзекутирани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора да е некаде околу тој датум, зашто беше прилично сигурен дека самиот тој има триесет и девет години и веруваше дека е роден во 1944 или 1945 година; но сега беше невозможно да се утврди каков било датум во рамките на една или две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вратичката од жица беше само една или две педи од неговото лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште една или две години и тие ќе ја надгледуваат дење и ноќе, барајќи знаци на неисправност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Префрли уште една или две страници наназад и дојде на Бра...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го лижна леденото ванилино топче и во таа една или две секунди нејзиното свилено здолниште затрепери од допирот на незабележливото здивче ветер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Или, дека понекогаш кога плива грбно, сака да се смири и да замислува дека е паднат лист, воден од морскиот ветар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но она што се случува сега, или што ќе се случува за една или две генерации, е дезинтеграција на светот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Колку една недела или две.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сфаќал. Шеснаесет години! Премногу за маки на сирак, премалку сѐ да се знае.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но сенката стоела на долгнавест прозорец. Го препознал натрапникот, веќе знаел кој е уште пред да му го чуе гласот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но стоел, сакал да ја види таа љубов, сакал да се види себеси по триесет и една или две години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Триесет и една или две години подолг живот минал Арсо Арнаутче од него а тој навлегува во седумнаесеттата. Секако бил постар од крестокосиот Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вангел Русјаков се качил на втората плоча со својата ситна женичка и купот деца, додека Родна не успеала да го наговори нејзиниот Петре и тие да одат горе и да си шарнат една или две одаи со бела вар како Геле Колишев и Вангел Русјаков.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Веќе не сум преокупиран со гладот или вошките, носам испрани и чисти алишта, повеќето сум во костумот што ми падна на лотарија во Гаково, косата измиена и со патец настрана, снагата капена во бањата кај градската болница, а не сум ни гладен, бонлук леб и мрсно, па кога се враќам од часови, сечам голема фелка леб, ја мачкам со сало и врз неа ставам леени колбаси, едно или две куси коматчиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ама само под лекарска контрола.  - Една или две?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)