Можеби војска не беше многу, беа пет или шест партизани, ама стремежот народен беше голем и радоста беше уште поголема затоа што, ете, си има своја војска...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога Duchamp му објаснува на Cabanne дека на своите слики сакал да ја прикаже интеракцијата меѓу две движења: „најнапред идејата за движење на возот, потоа онаа за тажниот младич што се наоѓа во ходникот и кој се поместува”, и според тоа, дека „имал две паралелни движења што си соодветствуваат”, како да не се присетиме на фактот дека Einstein, 1905, пет или шест години пред ова платно, кога ја објави својата теорија за ограничена релативност, се повика, за да им биде појасен на лаиците, на сликата на „еден воз што се движи со константна брзина v и еден човек што вдолж се движи во едниот од вагоните, т.е. во насока на движењето на возот, со брзина w”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Том не се сеќаваше дали пет или шест пати му ја наполни чашката со виски.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога на пет или шест години доби пеницилински шок, Трендафил и Ласа остареа десет години во една ноќ!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Само се сеќавам на болката што беше присутна во очите на Ласа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Не се слушаше ни сувото липање на Круме Арсов. Погледнав кон небото и видов само пет или шест орлишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Меѓу луѓето не се забележуваше никакво движење, добитокот стана нерамен куп смрзната земја врз земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Исто така, мислам дека настаните кои се одиграа во меѓувреме се импресивни, така што оптимизмот содржан во мојата забелешка - т.е. оптимизмот во поглед на можноста за менување на општеството - станува помалку... помалку забележителен на површината на моите чувства и беше заменет со некој вид молчење, така што, како што и самите забележавте - или не го забележавте тоа, но, тие дневници, “Како да се подобри светот”, продолжуваат... не знам кој е последниот датум во нив, но мислам дека има околу пет или шест години откако не сум ги пишувал.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А ти, сине мој, изгледа тогаш имаше само пет, или шест години.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не ќе може да помине пет или шест месеци обидувајќи се телепатски да се пренесе низ времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
После некое време би можела да се омажи за шерифот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Би можела да работи во крчмата и да најде некоја Индијанка да ѝ го чува бебето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Два начини на мислење, две искуства, два ракописа, не даваат математички збир, туку нов квалитет - тоа е она што Вилиам Бароуз го нарекува “third mind”. Bastard не е псевдоним, бастард е нужен производ на состојбата во која сме затечени, и неопходна последица од насоката кон која настаните се движеа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пишување со четири или шест раце!
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)