Арсо задишено стои пред него и му го допира пругастиот ракав од пижамата, и чувствува како му се движат усните, бргу и грчевито, и не е во состојба да разбере дали ги слуша сопствените зборови или сето тоа станува само во неговите мисли.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се сети -дали се сети или сето време мислеше на тоа - не знаеше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Да не би да сонува или сето ова, пред него, му се привиѓа поради долгата отсутност од убавиот харем или поради преголема измореност?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)