или (сврз.) - јас (зам.)

И додека Јосиф нивни Акиноски го собира планот, откако пред тоа д ќошевите ги истава камењата и додека потоа го прави тутурка, тој, Максим Акиноски, претпазливо, ги симнува панделките од писмото, а за тоа време и после, додека го одвиткува, на сите другите им вели После, откако ќе го прочитаме писмото, кој знае сам ќе се потпише, а тие кои не знаат ќе се потпишеме или јас или Костадин или Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе видиме дали тој паша или јас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти мене кревкоста на коските, колебливо чекорев или јас твоите да не се сронат.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Само му реков: - Бирај, или јас или манекенките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Е па добро, а на твоите ќе им се јавиш ли да им кажеш или јас да им се јавам!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Добро Срцка, кажи ми кој е овде пацинет, ти или јас?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имало случај, кој ми се изнесува во доверба, кога еден водич - конзерватор, на крајот од кариерата, не можејќи да лаже за статуата кој ја претставувал пред угледна странска делегација, рекол – статуата или јас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со палецот и показалецот ми ја фати долната усна, благо ми ја повлече кон брадата, ми ја отвори устата за да може да ми го стави јазикот на непцето, таму каде што по знакот на некоја сензорна клетка одеднаш станав премногу силен и премногу слаб пред жената која знаеше да ми се вовлече во моето тело и да биде мое тело или јас нејзино, сеедно, да бидеме едно тело во кое се заробени две души завеани на беспаќе што го нарекувавме живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Браво: Замолчи или јас ќе проговорам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Седеа на мојата маса (или јас седев меѓу нив).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш жената му рече на шумарот: - Или него врати го во шумата, или јас таму ќе побегнам.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тој или јас, по негово или по мое, војна или мир – ете, така ќе им ги претстави работите...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Штом Трајче дојде на нивната маса, уште не седнат, го праша Марка: „Дојден си да ме честиш или јас да платам?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Не знам кој отвори, тој или јас.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Многу долго разговаравме со мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, сигурен сум дека кога ти би била овде или јас таму, би биле најдобри пријатели.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што му е на брат ти, ми изгледа нерасположен? – праша.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голема, мала моја, не лути се што вака ти се обраќам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На пример, дали некогаш ние двете сме разговарале за времето и просторот и за различните начини на нивно сфаќање во различните цивилизации; дали некаде сум читала за телепатијата, или таа ми го објаснувала тој феномен; ми го опишала ли таа мене Игбал како изгледа и како се однесува, или јас самата таков сум си го замислила...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа понекогаш многу се гордее со своите текстови, а и брат ми и татко ми ѝ ги фалат, но што можам, не се за мене, или јас не сум за нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам, дали, обземен од повтежот, ме гледаше мене јасно или јас бев само пасмо густ воздух што трепери пред него во летната ноќ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ЉУБА: Никакво раскажување, - или јас ќе си одам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Или јас ве чувам и ги контролирам вашите посетители, или јас си одам, а вие примајте гости...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Аљоша, или тој, или јас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Често ќе ни речеше: ”Знам, душичката ви сака женско; и јас кога бев помлад, кога бев на вашите години, не можев без женско: во секој град каде што скитав имав по некоја: и во Атина, и во Анкара, и во Рим, и во Мадрид; ќе ми се прилепеше некоја или јас ќе се врзев за неа, но никогаш повеќе од една година не ја држев: ми стануваше здодевно само со една жена да живеам; штом ќе оставев една, наоѓав друга; се лепеа како по мед; ми ги мереа со педи раменава и градиве и велеа: јаки мажи сте вие, Грците; и можеби - затоа тешко го доживуваа оној момент кога ќе им речев дека ги оставам, дека во друг град одам, во друг крај на светов, и во тој момент или паѓаа во несвест или како диви мачки ми се нафрлуваа со ноктите да ми ги ископаат очите; или ќе ми се обесеа со рацете на вратот и ќе речеа: и ние одиме со тебе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Или јас тебе ќе те убијам, или сама ќе се убијам“, му рече еден ден кога Полин наполу го отфрли лебот и другите јадења и започна да ја засмрдува куќата приготвувајќи јадења од разни растенија што така диво растеа во природата: штавеј, блостурци, див спанаќ, лобода, ардукли, киселачка, разјан, зајачко зелје, шумска салата, мајорок, чубрица, дрезга, мечкино грозје, рајчица, шафран, жолта месечина, пиперица, горчица, див лук, брашнарка, граорка, гомбел и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ПОП ЈАНЧЕ: (се крсти). Ами ти ли знаеш повеќе дали има потреба или јас?!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Затни си ја муцката, барабо, или јас ќе ти ја затнам”, ќе речеше Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ЕВТО: Што да правам со него! Носи го одовде! Ова е крај. Или ти или јас!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но натрапникот овојпат ми се причини (или јас така оценив) како трпелив, сериозен службеник на угледна државна установа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ми се виде ниту наперчен ниту снисходлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе се обидеме. Или тие мене, или јас нив – се закани стариот кадија и зачека со нетрпение да го извести Ајша дека вечерата е готова.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Вие се препознавте во мене или јас во вас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Не знам кој отвори, тој или јас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не разбрав тие ли викаа или јас кога ги стасав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кој е кој? И што е тоа? Кој си ти, за да ми речеш, оди што побргу лечи се, или јас на тебе, ти си луд, мој брате. Како кој кого ќе сфати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Остана нејасно дали во ова празнење и полнење на чашите ти повеќе се разладуваше и оладуваше или јас уште повеќе се дозагревав.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И самиот не можам да заклучам кој од нас двајцата е поизненаден, привидението или јас.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ти си многу горе, ми вели Јон, или јас сум многу долу, ми вели, дури го молам, дури се наведнувам да го кренам, вели Мисајле Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ на сѐ, може ли воопшто од некои од овие взаемно противречни поговорки да се исцеди некаква смисла, без оглед дали би била тривијална или не; Или пак се потполно неупотребливи, барем што се однесува на некакво согледување за тоа како мојата сопруга или јас би можеле да се чувствуваме во текот на тој продолжен период на разделеност; За да го пронајде одговорот на овие прашања британскиот психолог Карл Тајген во 1986 година приготви еден ингениозен експеримент.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)