Не многу, само збор – два, колку да ме слушне некој од докторите или болничарите, и да ме врати во нашата соба.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Стана, ги собра трошките од масата, отиде до прозорецот, го отвори, и ги фрли трошките надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)