или (сврз.) - лага (имн.)

Љубовта или е проклета или е благословена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се обидов да го исфрлам секој дел од тебе, а го исфрлив и моето срце, се обидов да ги задушам твоите зборови, вистини или лаги, а ја задушив мојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Самите овие слики се факти кои ја споделуваат и ликовната и логичката форма со она што тие го претставуваат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
До неможност да се претстави нешто доаѓа кога некоја реченица која поставува барање во однос на вистината или лагата, не ја опишува можната состојба на работите, без оглед дали е едноставна или сложена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овие состојби на работите се сочинети од едноставни предмети, а се претставени со елементарни пропозиции кои се логички независни една од друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За да има дословно значење, реченицата мора да изразува или вистинита или лажна елементарна пропозиција, која им доделува извесна дистрибуција на вистина или лага на елементарните пропозиции.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Всушност стануваше и премногу очигледно дека Грофот ми приредува изложба на експонати кои треба да го поддржат неговото тврдење дека во овој свет на недоречености сè е привид а нашата вистина за жал е само илузија или лага од која тешко ќе се извлечеш ако ја преценуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)