Бидејќи јадењето во куќата на Адам обично е компромис од наследени вкусови, ручекот, како и појадокот, е стриктно од новиот свет - сендвичи со хамбургер, сирење, шунка или јајца, повремено, во понеделниците или по празниците, сендвичи со печено месо од пиле или мисирка и, се разбира секогаш откршено парче пита или колач, и овошје - јаболко, круша, а понекогаш можеби и банана.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ѝ завидувам на сестра ми: за неа секогаш има по некое компирче или јајце.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— Ќе си а најдиш маната, — му вели Тода, — небаре кокошка или јајца бараш да купиш, ќе тропниш на малата врата околу ручок, а оние веднаш ќе ти отворат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Инаку, кога ќе загризе нешто во мевот, и јас тоа го правам. Ѝ завидувам на сестра ми: за неа секогаш има по некое компирче или јајце.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)