или (сврз.) - прв (прид.)

- Или првата и најважна?! – ја зајадов на шега. - Така нека биде, ако сакаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А јас сакав да ти кажам дека Сале е еден чуден тип и дека на крај не можам да излезам со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Всушност Лабрис беше антиципација на војната во СФРЈ но и на една друга војна - војната во Ирак или првата медиски драматизирана војна во историјата на војните.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но сепак Камилски, откако помисли дали ќе биде тоа еден од светските јазици, или првиот јазик што го научил, категорично одговори: Се разбира најсладок ми е мајчиниот јазик? Не! рече Татко со блага насмевка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар може да има друг јазик, освен мајчиниот? Има, тоа е јазикот во твојата уста!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И потоа лежевме така во мракот, молчејќи во тишината, а кога ќе го слушневме првиот шум или првиот крик, одново ги затворавме очите, и се обидувавме да заспиеме. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара и јас бевме дел од оние на кои им беше дозволено во групи, во придружба со болничари, да излегуваат од кругот на болницата и да прошетаат по градот, но сепак ни таа ни јас никогаш не посакавме да излеземе од Гнездо, останувавме со оние на кои им беше забрането да излегуваат надвор од психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)