или (сврз.) - професионален (прид.)

Инвалидност постои и кога кај осигуреникот поради промени во здравствената состојба, која не може да се отстрани со лекување, ќе настане трајно губење на работната способност [општа неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инвалидност може да настане поради болест, повреда надвор од работа, повреда при работа или професионални болести.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Единствените пукнатини во високите бедеми на дистанца со која Елен Лајбовиц систематски се оградува од сите обиди за какво било вовлекување во Твојата лична или професионална приказна можат да се забележат исклучително во писмата што таа Ти ги испраќа во текот на драматичните летни месеци во 2001, кога во Македонија се води војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се надева, вели, дека тоа место ќе да е некаде затскриено, лоцирано подалеку од местата каде што се случуваат виолентните настани...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ама си се заплеткал, за Твоја голема среќа, на најдобар можен начин!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш казните беа зголемени од 50.000 до 150.000 денари на 200.000 до 300.000 за работодавците и од 10.000 до 30.000 на 40.000 до 50.000 денари за одговорните лица кај работодавците и во Заводот за вработување, како и за поединците што вршат занаетчиска или професионална дејност (чл. 3 и 4, ЗИДЗВОСН/01).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во случајот кога инвалидноста наста- нала како последица на болест или повреда надвор од работата, виси- ната на овие парични надоместоци е намалена од 70 на 50% од основата за пресметување на овие надоместоци, додека во случај инвалидноста да настанала како последица на повреда на работа или професионална болест, висината е намалена од 100 на 80% од основата за пресмету- вање (чл. 6, ЗИДЗПИО/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Второ, воведена е можноста организаторот на работата да ги осигура лицата кои се работно ангажирани 174 по основа на инвалидност и телесно оштетување, за повреда на работа или професионална болест.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со таа разлика што сега промените не се однесуваат само на пресметувањето на пензиската основа при добивањето паричен надо- месток во случај на невработеност, туку го опфатија и надоместокот на плата во случај на привремена спреченост од работа поради болест и повреда, отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство или професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трето, само лицата кај кои професионалната неспособност за работа настанала поради повреда на работа или професионална болест имаат право на профе- сионална рехабилитација без оглед на должината на пензискиот стаж, додека за лицата кај кои оваа неспособност настанала како последица на повреда надвор од работа или болест стекнуваат право на професи- онална рехабилитација само ако ги исполнуваат условите во однос на пензискиот стаж за стекнување право на инвалидска пензија (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со неа, покрај тоа што настанаа промени во висините на казните (чл. 3 и 4, ЗИДЗВОСН/авг.08), беше воведена и постапката за помирување како начин за наплата на паричните каз- ни, согласно новиот Закон за прекршоците од 2006 година (чл. 5). 13 Глобите што беа предвидени за работодавците-правни лица се намалени од околу 3.200 до 4.900 евра на 2.000 до 4.000 евра во денар- ска противвредност, додека кај глобите за работодавците-физички лица (поранешните поединци што вршат занаетчиска или професионална дејност) дојде до намалување на минималната (од околу 600 10.  Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Сл. весник на РМ, 130/09. 11.  Согласно чл. 24 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Сл. весник на РМ, 106/08. 12.  Согласно чл. 3 од истиот Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи и Одлуката на Уставниот суд, У. бр. 134/2005-0-0 од 29 март 2006 година. 13.  Закон за прекршоците, Сл. весник на РМ, 62/06. 88 на 500 евра), а зголемување на максималната казна (од околу 800 на 1.000 евра).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)