или (сврз.) - филмски (прид.)

А, да не заборавам, по асистентот снимател иде пак неговиот асистент, значи асистент на асистентот, и го носи стативот, или филмски кажано сталкот, на кој се поставува камерата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Она што ми направи впечаток уште тогаш, на самиот почеток на изградбата, беше тоа што никаде не постоеше фотографија или филмска снимка од населбата Долнец онаква каква што беше пред потопувањето од езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па и разликите меѓу самите папоци: помеѓу оние коишто човек некогаш одамна возбудено ги бакнал во знак на запознавање и од кои сега мора нежно да се прости со бакнеж и оние во чијшто само помалку-повеќе невин изглед човекот уживал, во живо или на фотографии, на плажи или филмски екрани или на средните страници на „Плејбој” или во новин­ските реклами за долни алишта - не заборавајќи ги, во категоријата „еј, здраво”, милите папоци на своите деца, сеедно дали тие (папоците) се свр­тени навнатре или нанадвор, пред децата да го достигнат она доба на протест поради родителското папкољубие.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сите имаат имиња како од некаква криминалистичка оперета, или филмски прекари (Рафал, Џони, Браво, Скот...), го премолчуваат својот идентитет, чекорат по облаци, благо, речиси нежно се лизгаат кон смртта и на крајот себе си го дозволуваат луксузот на кукавичлакот за конечно да фрлат сенка на својот „имиџ“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кај мене, сè беше сведено на дилема, ама каква: светска книжевност или филмска режија?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)