или (сврз.) - филозофски (прид.)

Зошто трагата (ниту присутноста ниту отсутноста, од другиот крај на бивствувачкото, ако не и бивството - а секогаш ме интересирал самиот ивичник на негативните теологии, на пример, во Comment ne pas parler (Како да не се зборува) /Psyche/) “е” она што ја придвижува филозофијата и со самото тоа ѝ се ускратува, се спротивставува на строго онтолошкото, трансценден­тал­но или филозофско разбирање во општа смисла?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Добро, “јас” не постои, тоа не е свесно за себе пред нешто да го обврзе, а тоа е другото наспроти него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, заемната привлечност меѓу машкиот и женскиот пол (Невестата и Младоженецот во делото на Дишан), може на алхемијата да ú даде аспект на архетипско или филозофско искуство на љубовта, едно доживување на среќна или несреќна љубов (зашто алхемијата е место на соединувањето), но, исто така и на едно непрекинато и фрустрирачко одложување на љубовта - поради тоа другите критичари мислат дека “Големото стакло” ја претставува историјата на онанистичката љубов без крај - токму она што е крај - непостоењето на крај на љубовта кон знаењето или на филозофската љубов кон “Ученоста” (кризата на идентитетот на современиот интелектуалец).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)