или (сврз.) - црн (прид.)

Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
КАНАБИС (CANNABIS) Форма: канабисот може да се добие во три форми: марихуана, во облик на растение, вклучувајќи ги цветовите на женските растенија (најважната психоактивна состојка во канабисот е ТХЦ или тетрахидроканабинол, која е концентрирана во горниот дел на растението); смола од канабис (или хашиш), компримиран кафеавкаст или црн прашок кој се загрева и дроби при употреба; и многу ретко, канабисово масло, густа, темно кафена, леплива супстанца добиена кога растението ќе се изложи во специјални растворувачи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали сум сега среќен човек, дали во ноќите носталгични и дождливи ме заспиваат сопствените сонови или црни демони гребат по моите перници!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тивка мелодија во далечините на понорите, виножито помеѓу сонцето и дождот, скоро невидлива силуета на сликар во хоризонтот и бои црвени, бели, сини, боите на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Еве ќе ти опишам една негова вообичаена неделна „демонстрација”: Напладне, кога пред единствениот чардак во околината ќе се собереа на илјадници туристи, се појавуваше Kosznovszki Marton со мотика на рамо и со векна од две кила под мишката, во пантолони што горе беа прешироки а долу претесни, со сив или црн шешир на главата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секој член од комисијата имаше посебна специјалност: еден удираше по газовите на жените за да ги оцени тврдоста и степенот на вибрациите од ударот, друг им ги подотвораше устинките за да им ја види бојата, дали е розова или црна како на оџак, трет ги мирисаше дундите (тој често повраќаше), четврт ѕиркаше низ триаголничето на меѓуножјето, ако имаше тријаголниче за ѕиркање, ако не беа слепени месата на двете нозе, петти се занимаваше со нешто петто, и така натаму, што би рекол началникот Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ИСКЛУЧОК ОД ПРАВИЛОТО ИСПРАШЕНИ КРИЛЈА 30 март, 4 часот
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Летнаа камења и суви кожи во воздухот како што летаат лилјаци или црни пеперуги.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сакаа да видат што и да било, гавран или црн облак чавки. Сѐ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Секоја материја во суштина е замрзната информација, без разлика дали е тоа стол или црн дроб од човек или кукаст крст.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Или црни пришти, јаникари?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Кој мислиш да победи, велам јас, белине или црнине пилишта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)