Технолошки, тоа значи дека за полова реакција потребно е дразнење на посебни невротрансмитори, што ја пренесуваат надразбата до соодветните центри во мозокот, или поинаку кажано, чувствувањето на половата наслада значи остварување на половата надразба, а пак оваа има само на себеси еднаква суштина, само на себеси еднаков формален запис.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тие комбинираат и претставуваат единствен, уникатно вреден и горе-долу задолжителен општествен облик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Интимноста, љубовта, пријателството, солидарноста, сексот, репродукцијата, одгледувањето деца, поколениското наследување, грижата, меѓусебната поддршка, заедничкиот животен простор, заедничките финансии, сопственоста на имотот и приватниот живот одат заедно и не треба да се делат на различни врски или поинаку да се раситнуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквото постоење, за да се создаде, изискува стабилен домаќински живот што неразделно се дели со едно друго лице од горе-долу истата возраст, но од различен род и различен пол (оној со кој лицето се родило, кој не подлежи на промени), во ексклузивна, дијадична, љубовна, некомерцијална поставеност што се води во заеднички домашен животен простор, воспоставен и зацврснат со сопственоста на имотот и другите облици на богатство што може да се пренесуваат на идни поколенија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој систем на норми не го опишува толку начинот на кој луѓето живеат или треба да живеат колку што определува еден хоризонт на очекувања за човековиот живот, склоп идеали кон кои се стремат луѓето и според кои ја мерат вредноста на сопствените и на туѓите животи.
Според тие норми, достоинството и вредноста на човековиот живот се изразуваат во особен облик на интимно постоење во пар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што е битно е поголемиот пакет – фактот дека хетеросексуалноста си останува општествена и културна норма, дека хетеросексуалноста си ја задржува моќта на хетеронормативноста.464
Хетеронормативноста е систем од норми поврзани со одреден облик на живеење, облик на живеење што опфаќа низа меѓусебно поврзани елементи, од кои сите се слеани во единствен стил на општествено постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)