Цепенко се будеше. Откако му ја измија и преврзаа раната на главата, тој почувствува голема леснотија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Откако му јави стројничката дека Попставревци кандисале да ја види тој на колјата Викторија, Панде се сети како гранка од нивното стебло.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Оди легни си, - му рече старецот на кучето, откако му го одврза јаженцето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И рече Филозофот: „Лествичникот е блудник, и блудствува со ќерката на логотетот; откако му е доверена на воспитание и ука, тој секоја ноќ ја води на тајно место.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оттогаш до денеска ништо се нема чуено за Симиќа; Лазор Перуноски уште тогаш му кажал дека тие тројцата, тој, Лазор, Амди ага и Ордан Бришкоски го одвеле дури до Галичка Река и откако му удриле уште по некој стап, го оставиле на брегот на реката, близу до водата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И така, откако му се изгуби поштивијата работевме во манастирот колку за лебот и за по едно рало опинци што ги чувавме за зимата. 18
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Откако му ги соши алиштата терзијата, татко вистина си умре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Откако расчистија кои генерални западни идеи му недостигаат на Балканот, а тие беа во книгите на нивните библиотеки, заробени во лавиринт, откако му реферираше на Камилски, Татко според своите источни книги, за лавиринтот според источните монотеистички религии, посебно се задржа на Кабалата: Кабалата уверуваше Татко трага по скриените патишта на мудроста со зближување на зборови со навидум мошне оддалечени значења, споредувајќи ги нумеричките вредности на нивните букви.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски, откако му наздрави на Татко да му биде долг животот и вечни книгите, мигум побара да ја види библиотеката која, всушност, почнуваше од ѕидовите на чардакот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Целиот град веќе врие, вели пашо“, му беше рекол овој на својот измешан јазик, откако му кажа зошто беше дошол.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Откако му умре Стојанка, во куќата Сукалова од женска страна остана само Митра, жена на најстариот брат Стојо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Та тој итака беше мирен и кроток, но откако му остана невестата Доста тешка, почна за петмина да работи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако му ги даде Нешка калците, Крчо и прати огледалце и чешел; да се гледа оти е убава и да се чешла за да биде поубава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Отец Серафим откако му отпеа молитва на Танаил за покој душа, и му тури масло и вино на гробот, му рече на кметот: - Ете злото до каде оди, кмете: свои се, роднини се, а се убиваат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Се случува значи извештајот да го предадеш а дома сепак да се вратиш трезвен, ни лук јал ни на лук мирисал - погано го исмејував заебаниот пријател Господ откако му нарачав двоен вињак.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И, се разбира, грдо, грдо го сожалував.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не издржав и на нашински му реков. – Сине, човекот загина за патридата, а ти...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Е, стасавме горе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го фати за брада и, откако му се загледа в очи, му рече: - Горе главата, војнику...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Аха!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Квечерината ме пуштија... Жената замолкна. Пандо слушна воздишки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Војникот ме врати кај офицерот и, откако му рече нешто, оној што зборуваше нашински ми пренесе: - Господинот офицер вели дека ние ќе ги закопаме, а ти да ја земеш маската што пасе онаму и да одиш на чешма да ги наполниш бурињата со вода, товари ги на маската и терај горе, на ридот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Му реков, веројатно за да го утешам: „Аксја е сега тука. Имаш една грижа помалку“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Го натерав да стане и да се подготви дури откако му реков дека мора да е со нас, не поради себеси и својот Бог туку поради мене и поради тебе, неговиот син.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во Битола купи куќа на годината откако му се роди Едо во Бегова чешма.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Перса блесна во лицето од една внатрешна светлина и со таа светлина си легна, додека Пелагија откако му кажа на Мурџо да си замине во својата куќичка, заедно Пела појдоа во бањата со намера да го запали огнот под казанчето, ама мајка Перса го беше веќе запалила.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Помина една недела откако му го кажав тоа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)