Со завршувањето на најраното детство завршија и моите болувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Нашите патишта повеќе водат кон небото, велам, отколку кон било кој крај на земјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во случајот на малите и мултинационални држави, каква што е Македонија, акцентот на националното повеќе би требало да гравитира кон категоријата „Полис“-град, отколку кон племенските парадигми (крв и земја).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Јас бев многу поприврзана кон татко ми отколку кон мајка ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И покрај тоа, гемиџиите се чувствувале далеку позадолжени кон Борис Сарафов отколку кон Делчев.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Можеби заради мојата болежливост брат ми беше понежен кон мене отколку кон другите сестри, и пред заспивање секогаш ме бакнуваше в чело, некако скришум, бидејќи мама се потсмеваше на секој негов гест на блискост со мене, па тој нежноста кон мене ја покажуваше само тогаш кога таа беше надвор од домот – кога одеше да риба подови во домовите на богатите или пак да им помага на дедо и на татко во продавницата за ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)