Чанга не се задлабочи во татковата мисла, па неговиот коментар повеќе го следеше текот на сопствената мисла: – Лавот никогаш не напаѓа лав, или тигарот тигар...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таму не успева да се сретне со новиот генерален директор кој одбиваше да го прими (за што напиша и посебна Изјава бр. 04-790), па неговата секретарка го препраќа кај заменик-директорот – со кого, претходно, Авдиќ имаше работено во иста канцеларија и имаше добри и коректни односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сигурно негде по високите планински врвови, кои уште од есента беа забелени, ноќва напаѓал нов снег, па неговата студена миризба се шири по планината, им се заканува на сѐ уште црните ридови, кории, долини.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По поминувањето на наведениот временски период од испраќањето на фамозното писмо на поранешната адреса и по неколкуте неуспешни обиди Авдиќ телефонски да го добие раководството на фабрика, тој се решава да оди директно во просториите кои беа седиште на велешката фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Можеби можеше да најде начин да го задржи Бојан, но се плашеше да не згреши, зашто до утре можеби ќе навее голем снег, па неговото враќање во колибата во Гогов Валог би било уште потешко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Па неговата фирма е три улици подолу од нашата куќа во Магарево...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)