Потоа одговори. — Mope ми, кој е тој шо ќе ни даде нам жена, тето Досто, угу да сакаме, та остави шо су јас ошче мал и испустања коа шо знајш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но не се запираа луѓето што не ги имаа видено своите огништа четири години и тие што бегаа, та остави оние што трчаа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ете шо направи и нам и за себе ќе си а сторе негде липата, ја некој аероплани ќе го смачкаат негде. Море за леб ќе пцовиса, та остави друго!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Селата се сардисани, луѓето изловени, кој ќе ти даде сега леб, та остави шо нема од каде да го дадат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како помина ноќески, а?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За горскиот паша кој не слушнал во цел битолски валилак, та остави во Мариово?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А за тоа требаа дрва, кои селаните со своите гладни и мршави магариња не беа во состојба да ги донесат ни лебот да го испечат, та остави за греење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Овој го погледна крвнички и ни знак на познанство, та остави пријателство, не покажа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сигурно се имаат изедено агите — им одговараше Толе, но како да се присети нешто, па рече: — Има ошче еден начин да се нараниме некој ден и друг, само којзнае дали ќе кандисате.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јадење си носеа, пијалак не пиеја, а на сужните не им дозволуваа ни шербет да се напијат, та остави тие што немаа ни аспра кај нив.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)