Сега, меѓутоа, главно поради нетактичноста и неспособноста на Иван Гарванов да воспостави добри односи со гемиџиите и да се обиде на некаков начин да ги придобие и да ги убеди во неопходната потреба да водат сметка за пошироките интереси на револуционерното движење, односите меѓу гемиџиите и ЦК станале лоши, дури и непријателски.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)