а (чест.) - зошто (прил.)

- А зошто не го сакала и во гробот, праша Роден Мегленоски, бришејќи си ги очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А зошто зборувате српски?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А зошто ме чекаш, ѝ велам јас, болви за да ти тепам меѓу колена? И ѝ врзувам една шлаканица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А зошто? Нема ли каде да спиеш?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А зошто да ме чека!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А зошто вам, мојот јазик ви ја крева косата на главата?...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А зошто убиваше, го прашувам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)