барем (чест.) - може (гл.)

Ги знаеше, или барем можеше да ги претпостави, сите докази што го потврдуваа неговото сопствено не-постоење; но тие беа бесмислени, беа само игра на зборови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лежиме на грб и го гледаме небото како тече над нас и во нас и сино и големо и остро до болка, премногу светло, преубаво, зошто не сака да работи ЦД, го удирам и викам “ајде да го убиеме гитаристот што премногу личи на Nuno-Noonoh од Extreme”, со неговата коса долга и блескава и неговата рака што се движи брзо и пребрзо и го цвркоти Morris- sey така прекрасен и љубовен и одиме повторно да ги храниме патките, развигорчето ја ежи кожата и премногу е ладно и зошто седам насреде, ги хранам патките и се чувствувам како молзачка. Молзачка? Патка? Езеро? Небо? Што?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наеднаш забележуваш дека се тресеш и очекуваш секој момент главата да се стркала од рамениците и сфаќаш дека од време на време си пресечен со остри налети на спид и се обидуваш да пиеш и мислиш дека ти се лоши и толку си жеден и толку ти студи и толку си параноичен што мислиш дека авионите те снимаат, постојано чкрипиш со забите и главата не престанува да се тресе и тешко успеваш да запалиш цигара, рацете имаат своја свест и забите не престануваат да цвокотат и не можеш да зборуваш и не можеш да се мрднеш, не можеш ни да дишеш но барем можеш да пишуваш и зарем не е време да се земе уште една.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Му беше вечно благодарна на архитектот кој го дизајнирал оној што го нарекуваа ’градски’ (како другите да беа на периферија или не дај боже, селски) бидејќи таму, влегувајќи и излегувајќи од продавниците, барем можеше да дише чист воздух.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Јас барем можам да речам не. Готово!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Барем можам некако да се окарактеризирам, и покрај сета моја нестабилност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ниту пак веќе ќе ја чувствувате свежината на потокот: единствено ангелите ќе ве измијат на Воскресение.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тогаш без лелек и солзи оставила деверите да ја одведат до вдлабнатината во ѕидот на кулата: чунки и самата знаела дека мора да умре, барем можела да се воздржи да не плаче.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во манастирот барем можев да пишувам слободно, кога ќе сум слободен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)