Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Барем еден од ова камење кога би го кажал она што го премолчува - би се покажало нешто како море среде кое одново ќе стоиш Ти - на песната бајракот вечен.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Татко насети дека Камилски секако мислел на турцизмот душман, душманлак, со најраспространето и временски најдолго присуство во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, сепак, инсистираше Татко да запре ако не на најкарактеристичните во духот на нивната мисија, тогаш да избере барем еден, а според него ги имаше повеќе кои би требало да се внесат во листата на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Почна да ме малтретира за да го погледнам и да му кажам барем еден збор.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Идниот ден, утрото, во мојот кабинет долго седев во фотелјата со испружени нозе на табуретката и се обидував барем една трошка да сведам на конкретно значење од сето она што во ресторанот „Зона” си го кажавме со мојот началник. Попусто.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа повеќепати се обидуваше да го убеди да создадат и да изгледаат барем едно дете.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тогаш се крена целото село да ги моли монархофашистите да ја пуштат барем едната жена, мајка ми или снаа ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Мајка ми не сакаше повеќе и од себе, ама потајно, одвреме-навреме, посакуваше барем едната од нас да и беше син.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Татко ми ме тешеше попусто.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)