би (чест.) - звучи (гл.)

Добро е што жена му не му пожелува успех во играта, сега тоа би звучело иронично.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А во огледалото, што да ви раскажувам, што сѐ се гледа! Ужас еден! Сѐ од лошо -полошо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама не велам, оти тоа би звучело многу невоспитано, па си молчам и одвај чекам да ме остават на мира, да си влезам во мојата соба и да застанам пред големото огледало што ми е крај креветот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)