би (чест.) - значи (гл.)

Да претпоставиме дека германскиот збор gut (добро) е египетски, и тогаш таа, освен добро би значела и лошо, покрај gut би значела и tug.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Честопати се верува дека пристапувањето кон таквиот модел би значело понижување или на некој начин осиромашување на сопствената слика за себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа некогашно копање не би значело ништо за ровкоста на земјата сега.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И што би значело тоа за старите?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова би значело дека доколку просекот на гранката е понизок, би се пресметувале и исплаќале пониски придонеси од плата за таа гранка, и обратно.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа би значело да наседнеме на онаа иста разлика зададена од неговите идеолози: разликата која ги исклучува сите посредувања, помеѓу автентичната и дегенерираната култура.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа беше најомилената песна на овчарите, која почнуваше вака: „Huile, huile, palomita“, која, ако се преведе, би значела „Летај, летај, мало гулапче“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ниту една посета од кралска личност, на некој скромен дрводелец или селанец, немаше да биде прифатена со поголема и поласкава благодарност и радост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таквото име би било како амајлија и би значело дека бебето ќе ја преживее зимата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)