Убеден сум дека народот би почнал да се тепа за да купи од весниците, а досадата би станала најбарана работа на светов.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јас не знам и не сакам да знам што би станало ако сето ова, ако не се докрајчат овие измачувања, овој...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Да, така е – прифатила Клементина – многумина станале Грци, како што би станале и Австријци или Отоманци, во зависност од тоа како одлучило оружјето!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)