и (чест.) - барање (имн.)

Трошоците за постапката, во износ од 2.500 МКД за судска 156 такса, паднаа на терет на тужениот, а за возврат – како што веќе споменавме – Вујошевиќ се откажа од каматата, којашто законски ѝ следуваше, а го повлече и барањето за исплата по основ на минат труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штом една таква илузија поминува пред владите на големите сили за факт, тогаш е јасно оти при решавањето на македонското прашање треба да се имаат пред очи и барањата на српската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па така, на Вујошевиќ ѝ се досуди сума во вкупен износ од 66.845 МКД (1.100 ЕУР) и тоа: а) на име неисплатени плати – 54.486 МКД; б) на име неисплатен регрес за годишен одмор – 5.400 МКД.; в) на име неисплатен надомест на хранарина – 4.379 МКД; и г) на име неисплатен надомест за превоз – 2.580 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)