Тоа е единствената шанса да се премине и смртта исто, без таа да биде дефинитивна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А има еден збор: „Со дружина и смрт е мила“.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
— Без љубов и смртта е безначајна, вика Горачинов, се надвикува со брчењето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И смртта што ја сеат им е позајмена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас знаев дека ќе умре, велам, му ја видов и смртта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Речиси осеќаш дека и смртта седи со нас: и таа збива предишана од трчање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги потомија некаде во Сибир, вели, не им ја знаеме и смртта, вели, и правта нивна не ни ја вратија...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А и смртта во случајов ништо не губи. Располага со толку многу време. Нејзина е, што се вели, вечноста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кон земјата што ти се одронила под кожата, под ноктите. ״И смртта наша, на нашиот роден крај се потпира“ - би рекол Лазор Ночески, а ние на смртта секој ден ѝ се доближуваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Немаше иљач, вели, за смртта не барај иљач оти и смртта е иљач за маките човечки, за болестите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)