и (чест.) - цар (имн.)

Па дип веќе ако се крие од мене, тоа може, ама јас не знам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оти има по планините лоши луѓе како Толета шо го рече сам, та го знајте и вие, го знае и царот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стомниња, бардиња, грниња, на ти тебе толку, дај ми мене олку, мора, нешто да сме згрешиле, вели, и царот веќе одел на дрва и на ќумур, вели, сега мечката свирела, а царот играл, стомниња, бардиња, грниња, од ќуспе масло не се вади, и шути за нас на мечката, ја јаде крлеж под опашка, вели, и царот садел компири, стомниња, бардиња, грниња, вика Толе Грнчарот и си шеколка по патот, се оддалува, како подиставен од умот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па и царот си живее како што му прилега, а никој не му пречи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пример за таков совршено природен читател бил и царот Наполеон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)