Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само наслушнував и, се сеќавам, секој надворешен шум, дури и шумот на една тревка, ми се чинеше пресилен и дека ми пречи да го слушнам длабокиот, скриен ромор на водите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во врелината на треската сѐ е зелено, и мирисот и шумот. Веќе нема земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)