Не сакав да ѝ објаснувам дека на овој свет сѐ има врска со сѐ; се задоволив само (не треба да се заборави тука и фактот дека јас сепак, ѝ се додворував, и дека цената на тоа додворување беше и извесно интелектуално претерување, како и извесна желба да ѝ оставам впечаток на што понеклиширан и поучен човек) со тоа што ѝ кажав дека јас верувам во реинкарнација, и дека за мене границите меѓу културите и расите паѓаат во вода токму поради простиот факт на реинкарнацијата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Претпоставував дека треба да направи не само увид во можностите, туку и извесни консултации.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа му причинуваше и извесно самозадоволство, несетено дотогаш, зашто ѝ придаваше на неговата личност неочекувана важност, но истовремено и повеќе го тревожеше, зашто беше блиску до умот дека тие нема лесно да го остават на мира, ами ќе му одат по трагите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)