- Во толку деца ќе има и големи и мали, му велам. Не се раѓаат сите наеднаш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вечерта ја залостувам врата. И големата и малата врата ја залостувам и се шуткам низ куќа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Имаше и мал правоаголен отвор на дното под екранот, и Боб колебливо зачекори накај тој отвор.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сите, и мали и големи, знаевме за последните вести од радиото, за заканите на Сталин и за нападите против козите, сите ја очекувавме последната пресуда, крајот на времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ако си спомнувате, малку пред Амстронг да зачекори врз фантазијата на поетите, студентите го тресеа цел свет – од Беркли до Берлин и Париз, та дури и до Белград и Скопје (кај сите Турци таму и малиот Асан, шашардисан како онаа жабата што кинисала по коњот да се потковува).
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Се појави и мала магла, се влече по земјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)