По кажувањето на аптекарот на Општинската болница каде што мртвите и ранетите ги носеле, и мртвите и ранетите ги фрлале еден преку друг во колички за ѓубре.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Господе, зар и мртвите влегоа во војна!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Слепо во споулавеноста барајќи пат кон тишини во кои не ќе зататни ни пушка ни топ, по богтизнае колку замаглени дни и студени ноќи, се сретнал во безживотен дол со калуѓер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се кинат птиците, летаат пердуви, ги нападнала орелска и штркелска пипка, врз коритници или врз лелеав шамок плиска крвав дожд.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со дождот паѓаат и крвави птици и се распрснува писок од кој и мртвите умираат по вторпат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе го отворам прозорецов и ќе им викнам машки дека не сме изохрони, дека ќе ги надживеам и мртов.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се туркаа, викаа и се надвикуваа, за спас се фрлаа во подивените и разулавени води над кои секои неколку минути долетуваа авионите кои во низок лет и заглушувачки виеж митралираа, фрлаа бомби и ракети и веднаш зад нив долетуваа други и со некои бомби што ширеа и дигаа многу пламен, ги доубиваа, ги гореа испопелуваа и мртвите и сѐ уште живите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа е затурена одамна, или е замината, како и мртвиот пријател, во окото на птицата што упорно колве по нашите спомени. Или надежта проврнала како студениот дожд.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Како да не станеш едно, со оваа
светло-сина молитва, моќна да ги разбуди
и мртвите!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сиот народ е истеран да работи. Ангарија. Да можат и мртвите ќе ги скорнат да помагаат. 238
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Подзапирам крај неа, ја загледувам. Жената и мртва е убава за гледање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Шепоти едниот, шепоти и другиот. Да ти е страв и мртов да те видат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Може така ми се чинеше од соништата. Оти ги сонуваш и живите и мртвите. Смешно. И утрото не знаеш кој каде е.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)