Ама, никогаш и малкуте живот не ти се дава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така и Луција: таа беше таен и непознат запис за мене, затоа што јас бев незрел како маж; Луција, исто така, беше сосема свесна за тоа дека е пред мене; нејзиното тело, како што минуваа годините, ги добиваше формите на страста што подоцна секој макар и малку искусен маж ги препознава дури и под маската на облеката, кај секоја жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Фодулчето не е многу восхитен, како да не му се верува дека е излекувана, ама на неговото лице забележувам и малку радост што најпосле мајката може да гледа како ѝ расте ќеркичката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Дури и малку како да поостаре. По стара навика разговараше сам со себе и чекаше да се освести ранетиот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Така ја отвори насмевката во темното лице, а се надева, внесе и малку радост во нејзиното срце.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)