и (чест.) - подоцна (прил.)

53. Овој термин за старословенскиот јазик го наоѓаме и подоцна во речникот на Мисирков ["Македонски голос, (Македонски глас)", II, 10, Петроград, 13.8 1914, 14].
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лена не можела да проговори, дури и подоцна, и мене кога ми раскажуваше, не можеше да ми раскаже.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За воспоставување на прекинатиот еколошки тек Хундертвасер размислува и подоцна, во својот текст „Култура на серењето- Свето серење“ (1979-1980).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Да беше учителот член на партијата, можеби ќе ја добиеше тужбата и подоцна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кај Симона можела да се јави завист и накнадно, со фактот што Борко станал познат човек и фактор, одлучувал за важни работи и во Војната и подоцна, можел да влијае, можел просто да одлучи, ете, да се изгради и една брана и да го потопи Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А и подоцна, додека бевте мали.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова го потврдил и подоцна пред повеќе агенти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Робинсон Крусо, сам со Петко, како јас со Гаро мој... Добро, и подоцна прочитував по нешто.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)