И после разбрав дека нѐ сметаат за кучки, излезени на пцорање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после гледам, еден кревет ни послале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беше нешто, што можеше да се премавнува, и тој успеваше да ја бори и додека си го наместуваше леглото, и додека го палеше огнот, а и после, кога го хранеше своето срнче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Луѓето и после умираа, денеска еден, утре - друг. Вчера Горно Маало, утре Долно Маало.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Работникот Пецо Ѓорѓиевски од Битола (сега 43-годишен) работеше, а и после спорот продолжи да работи, во познатата Фабрика за шеќер „4ти Ноември“ – АД Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најголемото ‘право’, понекогаш може да биде и најголема неправда!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)