не (чест.) - бере (гл.)

- Добро, добро, не бери гајле! - одговори Доне, го одврза коњот, го напушти училиштето и тргна...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А Солун не е Кукуш... Но штом е Гоце со нас... не бери гајле.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ги слушаше Пискулиев овие жаловити зборови, ја подисправаше некако својата мршава, извиена снага, со клапнати рамена, како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе на таа сиротна жена, и најпосле одговори како што го учеше неговата смирена и блага душа: „Не бери гајле, тетко Спасие, ти само учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не ме издадиш пред другарите, а јас сам нема да се издада. Не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Седнете, добредошле. Седнете, кој да сте, мој касмет сте ноќеска, — Не берете гајле, нишчо лошо не иде кај мене на краот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Е, е. Не берете гајле, нели се замеша и Толе и тоа на онакво место!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ич не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами кај оде Толе, кај го носат ѓаволите црни сега?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За ниј ич гајле не бери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами ако нѐ збркаат заптиите? Не бери ти гајле. Јас ќе а вида таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бери гајле, чичко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бери гајле, море, лели си стигнал дотука. Не плаши се.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не џанум. Ако има некого да лажа, ќе лажа јабанџии, не вас, моите родители. Ич за тоа гајле не берите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бери го ти тоа гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами сега шо правиме ал, стрико Јоване? — се притапка Миша плачејќи за побратимот Толета. Не бери гајле, невесто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ние сме, ние, не берете гајле — се јави дедот Волче и се стави со тој што тргна кон нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бери ти гајле. Толевата кожа не се продава евтино. Само ти да не се тегниш, да не се плашиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаш најубавиот чупа, ама дали ќе дават татко и мајка, a? Не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бери гајле, невесто, јас дури су жив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А за Митра не бери гајле. Таа е сместена и има пари да поседи со Јована Гуровчето во Софија. Со овие зборови Толе им даде на Трајка и Атанаса да разберат, дека семето што го фрлија падна на плодна земја и убаво ќе изникне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За првото не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бери гајле, сестрице Митро, не бери. Нишчо лошо овде нема.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ида ефенди, ида. Не берете гајле вие за мене, кај ќе крша глава со една куќа деца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Има време, стрико има, ќе а смениме, пушки ќе најдеме колку да сакаш! — толку не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лели гледате, нишчо нема в село; не берете гајле! — ги теши Гуле селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти не бери гајле, кај да су, јас су твој. Веруаш ли?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бери гајле, жено. Никој не те коли, ни те печи, дури се живи пријатели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде; ајде да излезиме и да видиме дали е готово јагнето, та за парите не берете гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Топло ли ти е кесето - за ништо не бери гајле... - постојано ги учеше Карче синовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дајреџијата му се внесе во лицето, целиот насмевнат и блажен, како да сакаше да му каже: „Ништо ти, комшија, не бери гајле, јас сум тука, јас ќе те одведам дома...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А мој Бојан, не берете гајле, ќе го научи и неварено млеко да пие, а сам и од овца направо да цица...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
АНЃЕЛЕ: Добро мајко, ич ти гајле да не бериш, ќе видиш што син си родила. (Ѝ ја бакнува раката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: За таа работа ич да не берете гајле, мое гајле е тоа; само вие речете кога ќе сакате и јас сум готова...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Не бери гајле за децата кога сум јас тука, - му рече на татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
РИСТАЌИ: Молчи си ти, не бери гајле, ќе ја свиткам јас неа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И, раскажува, како нејзината ќерка, со сите квалитети во кој спаѓаат оние од кујната и дворот пред куќа, ги знае девојчето ама не вреди... никој веќе не бере гајле за штиркан чаршав што крцка под тебе и икебана од цвеќе собрано од бавча што сама си ги одгледала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе ти дадам мувлет, не бери гајле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не бери гајле, Мусо-ага, не бери, само вие добро спремете јатаганите и кога ќе наредам јас, удрете – го тешеше кадијата, одејќи по него со беговите. Со таков разговор се појави колоната на Чашка над самото Чаништа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го знае тоа Ангелина, не бери гајле! му велеа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
— Нема и ошче токо ти не бери гајле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не берете го тоа гајле. Шпиро си го знае занаетот и времето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За тоа не бери гајле - продолжи Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Добро, ама... - Знам што сакаш да кажеш. За коњчето не бери гајле! Ние ќе го пасеме.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Зошто татко ти не бере дрва, а те пуштил тебе сам?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Не бери гајле! - ѝ одговори Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ете така, Силјане внуче, ќе си одиме, ич да не береш колку за тоа гајле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Касметлија... касметлија си, сестро. И не бери гајле. Ќе ја носиме чупата најлесно што ќе можеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За јадење да не берите гајле. Таму ќе јајте погача, сирење, кашкавал и секој ден за обед варено, печено или пржено месо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Де, де... - врати тој. - Не бери гајле. Ќе ги извежбаме. Дојди по некоја недела и ќе видиш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седи со здравје и не бери гајле...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со вас нека му е арно, за мене не берете гајле.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зошто ти е јакуцка? Да не берам желади.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)