Се зададе отаде Ѓуровци, Врчкиќовци, Љутовци, сите роднини, со грабинкање да влезат, — не бива!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Не бива, се озлоби народот кој во него гледа вистински заштитник“ — одговараа против предлозите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од ова поправилно решение — здравје.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Не бива таа работа, тетко Цоно, - велеше Пискулиев.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Затоа“, вели, „тие метри од ѕидањето треба да се платат дупло. Бива, не бива“, вели, „кажувај!“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
ЦОНКА: Кумот малце да го подржи кумашинчето: среќата да го држи сиот век. (Му го натрапува бебето на Теодос на раце.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: Рековме, куме, кумство на суво не бива, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: Малку, куме, кумството на суво не бива.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Најпосле, јас... (Оди кои вратата.) Ајде, мечка страв, мене не страв! (Ја фаќа вратата и веднаш ја тргнува раката како ожежена.) А-а! Не бива....
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: Има и за кого да мислиш, чорбаџи Томче, девојката ти е лична убава, како оваа што ја имаме на кадро: Ге... Ге... ТОМЧЕ: Геновева.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Биење без пиење не бива, ништо не бива без пиење.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
КЕВА: Ама, Спиро...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ЦОНКА: Не бива ништо кумот да врати, оти ќе му се одбие касметот на кумашинчето, греота е, чорбаџи Теодосе.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Мои гости сте и јас да одам в село, а вас да ве оставам, е, тоа не бива.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
17. МЕСО НЕ БИВА БЕЗ КОСКИ - зависи кој касап, кому и како го продал.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
12. ГОРАТА НЕ БИВА БЕЗ ВОЛЦИ - а зошто волците ги бива без гора?
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Кога видоа надлежните од комисиите оти со колци и јажиња граница не бива, почнаа да ја обележуваат со секакви стакла.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Значи, оваа година би можело петок да се прескокне: не бива петочно започнување!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
А судијата рекл: „Без шаити не бива.“
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)