не (чест.) - завршува (гл.)

Со ова не завршуваше западно-источната дебата на Татко и Камилски за лавиринтите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бидејќи во природата ништо не угинува, туку, сѐ останува во севкупната вечност, менувајќи ја само формата, така минатото дури и не завршува, тоа дури и не е минато.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа, ако некаков излез, постоеше, можеби беше во идеите на татковите книги, кои се однесуваа на потрагата по константите на идентитетот низ троверјето, кои не завршуваа во ниту една конечна татковина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но приказната за среќната река не завршува тука, туку таа доби еден друг, неочекуван тек.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Приказната со бугарските театарџии не завршува со пофалбата на Олби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, приказната не завршува кај столбот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- И јас не сум на чисто со празнувањата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ако го сметаш празнување чистењево чевли, тогаш мојот празник никогаш не завршува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа, очигледно не завршувајќи ја смотрата, неочекувано брзо се сврти кон нас и не давајќи ни барем да зинеме како со магнет ни ги зеде главите, се разбира мојата и Кејтеновата, и колку што можеше посилно ги тресна една од друга.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И обратно - има луѓе што ништо не почнуваат и ништо не завршуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А кога почна пописот, во Козар маало се всели гробна тишина како на закоп што никогаш не завршува...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)