Ѝ кажав уште првиот ден кога кашлаше: „Само не легнувајте! ... Останете седнати во креветот!“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А и Мајка не легнуваше пред Татко, постојано си наоѓаше нови обврски.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таму ми остана духот, та не е ни чудо што на утро не станувам и в ноќи не легнувам.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Света земјичка од Исусовиот гроб во ќесе од кожа, се сеќаваш?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ти реков, се насмеал помладиот тревар. - Тој ни од удар на наџак не легнува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Без црнокосата кукла, Маја не легнуваше и не стануваше. Бети беше насекаде со неа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)