- Море, не ломоти многу, туку отвори ја вратата или подземи ги дрвава!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Не ломоти, - и невидлив се накостреши рапавиот глас. – Ќе ти кажам, ти си шупелка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
„Не ломоти“, викна Никифор Ганевски. „Пушката ти ја даде Онисифор Мечкојад со свои раце.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ја купив кога го бодев со кол Турчинот што нè стрелаше кога го закопувавме Дмитар-Пејко, кога ти ја пикаше главата во камења. А ако некој од нас ја зел...“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)